Varna University of Management, Varna, 13A Oborishte str.
+359 52 620 871

Првиот резултат на HELIX е финализиран – извештај за оценка на потребите, регионален акциски план и база на податоци на најдобри практики

Проектот HELIX поставува амбициозни цели во однос на поттикнување на конкурентноста на угостителството во Балканско-медитеранскиот регион. Поконкретно, иницијативата HELIX се стреми да ги промовира и поддржува претприемачите и МСП од целниот регион за усвојување, користење и развивање на пристапот на одржлив развој.

Стратешки, реализацијата на овој план бара спроведување на длабински истражувања кои ја дефинираат постојната состојба, потребата од промена и подготвеноста на целните групи да одат во нова насока. Оттука, за време на првите активности на проектот HELIX, паралелно во сите земји-партнери кои учествуваат (Албанија, Бугарија, Грција и ПЈРМ) беа спроведени повеќе студии во врска со: (а) постојната состојба во секторот на угостителство; (б) постојните практики кои се однесуваат на усвојување на иновации и нови бизнис модели за трансфер кон одржлив развој; (в) ставовите на туризмот и туристичкиот бизнис во однос на концептот за одржлив развој, постојните стимули и предизвици во усвојувањето на иновациите и многу други.

Како резултат на одржаните активности – канцелариски и теренски истражувања, дискусии и интервјуа со истражувачи во областа и со бизнис претставници – формираните експертски работни групи ги разработија првите резултати од проектот:

  • N• Извештај за проценка на потребите

Извештајот за проценка на потребите ја одразува моменталната состојба на секторот во Балканско-медитеранскиот регион, вклучително секторските потреби и предизвици поврзани со образованието и обуката, човечките ресурси, иновациите и одржливоста.

Собраните податоци, заедно со заклучоците и препораките, ќе ги обезбедат потребните ресурси за градење на ефективен предлог за поддршка на развојот на секторот.

  •  • Регионален акциски план

Регионалниот акциски план пак ја разгледува и проценува потребата од актуелизација национално и регионално, така што МСП во угостителството се охрабруваат да станат поактивни во усвојувањето на технолошките и нетехнолошките иновации, бизнис моделите и заедничката соработка, а со тоа и ефективно да транзитираат кон одржлив развој.

  • • База на податоци на најдобри практики

Оваа база на податоци вклучува повеќе од 200 успешни примери кои ги потврдуваат позитивните ефекти што ги добива бизнисот преку усвојувањето на пристапот за одржлив развој. Развиеното портфолио дава преглед на моделите кои се неодамна усвоени и дејствуваат долгорочно. Најголемиот дел од најдобрите практики ги претстават угостителските претпријатија од земјите од Балкан-мед регионот, но некои примери се однесуваат на Европа и светот.

Базата на најдобри практики е дополнета со патоказ кој им обезбедува на сите заинтересирани страни потребен сет на насоки за успешно и забрзано воведување на иновации и постигнување на одржлив развој на бизнисот.

Сите развиени интелектуални резултати се објавуваат во соодветниот дел на вебстраната и се на располагање на сите заинтересирани страни.

Leave a reply