Varna University of Management, Varna, 13A Oborishte str.
+359 52 620 871

„МАКЕДОНСКО – БУГАРСКА СТОПАНСКА КОМОРА“, ПРЈМ (ПП5)

Формирана во 2011 година, “Македонско-бугарската стопанска комора” (МБСК) е непрофитна деловна организација, чија главна цел е да ги развие и зајакне економските односи меѓу двете соседни земји – Бугарија и ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија).

МБСК е организирана и работи за општа намена за ефикасно управување во пазарни услови, успешно вклучување на македонскиот и бугарскиот пазар, како и за поттикнување на претприемничките активности и технолошки трансфер меѓу своите членови со цел да се оптимизира нивната работа и да се подобрат резултатите.

Специфичните цели на MBCC се поврзани со:

• Понатамошен развој и взаемна соработка во бизнисите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија
• Промоција на трговијата, инвестициите и економската соработка и развој меѓу двете земји.
• Воспоставување и одржување контакти меѓу деловните и државните органи во врска со македонско-бугарската трговија и бизнис
• Подобрување на законодавството со цел да се поедностави и да се зголеми развојот на бугарскиот бизнис во Македонија и македонскиот во Бугарија, усогласување со европската деловна пракса и етика.
• Да биде форум за размена на идеи помеѓу бизнисите што работат во Република Македонија и Република Бугарија
• Да се развие либералната трговија во ПЈРМ и нејзината понатамошна интеграција во Европската Унија.

За да ги реализира овие цели, Македонско-бугарската Стопанска комора (МБСК) организира бројни меѓународни форуми и изложбени саеми, одржува презентации и дава информации и консултации на своите членови. МБСК спроведува разновидни иницијативи за поддршка на своите членови и го проширува своето стратешко поврзување со вклучување на нови целни земји и полиња.

Повеќе од 100 компании кои работат во различни економски области се членови на МБСК и овие бројки се зголемуваат.

Во август 2018 година, Македонско-бугарската стопанска комора одлучи да го напушти партнерството HELIX. Иако МБСК се повлече од активно учество во спроведување на проекти, партнерството сеуште обезбедува неофицијална поддршка во промоција на проектите, нејзините активности и клучните резултати.

Leave a reply