Varna University of Management, Varna, 13A Oborishte str.
+359 52 620 871

Регионален акциски план – ПЈРМ и Балканско-медитеранскиот регион

Регионалниот акциски план ги одразува резултатите од деталниот преглед и анализа на моменталната состојба на угостителскиот сектор во Балканско-медитеранскиот регион, а особено со фокус на ПЈРМ.

Покрај обезбедувањето на веродостојни информации во врска со постојната состојба на деловното работење, документот има за цел да предложи соодветни можности за актуелизирање на постоечките политики и процеси на донесување одлуки, за да МСП и претприемачите од угостителскиот сектор се охрабрат да го искористат нивниот потенцијал за воведување на иновации и премин кон одржлив развој.

Анализата и проценката на потребите за актуелизација на националните и регионалните политики во однос на поттикнување на конкурентноста на угостителските МСП се спроведе на територијата на секоја земја-партнер: Албанија / Бугарија / Грција / ПЈРМ

Националните резултати и можните алтернативи за промени во политиката треба дополнително да бидат критички разгледани за да бидат:

  • предложена веродостојна основа за спроведување на заеднички пристап кој ја поттикнува конкурентноста на угостителските МСП во регионот;
  • изнесени опции за политики кои позитивно ќе влијаат на целиот Балканско-медитерански регион и, на тој начин, ќе овозможат основа за заеднички решенија на заедничките проблеми;
  • Поттик на конкурентноста на секторот како целина на регионално, а не на национално ниво.

Националните и регионалните акциски планови се достапни на англиски и на националниот јазик на соодветните земји-партнери и може да се најдат во делот Ресурси на оваа веб-страница и/или по барање преку Формуларот за контакт.

Leave a reply