Varna University of Management, Varna, 13A Oborishte str.
+359 52 620 871

Работилница за градење капацитети за чадор-организации

ДЕТАЛИ

  • Category – EVENT

  • Date – 2019-02-21 and 2019-02-22

  • Venue – Varna, Bulgaria

ЦЕЛИ

Дводневна меѓународна работилница за градење капацитети за чадор-организации се одржа во Варна, Бугарија, на 21 и 22 февруари.

Работилницата имаше за цел да ги подобри капацитетите на угостителските чадор-организации, да ги поддржи своите членови и заинтересираните угостителски претпријатија со потребните информации и помош во усвојувањето на одржлив пристап во нивните активности.

Затоа, темите на работилницата опфатија широк опсег од темите на одржливост – достапен и одговорен туризам, развој на туристички дестинации, дигитализација и нови софтверски решенија за одржливо управување со хотели и ресторани, итн.

Предавачи на настанот беа врвни истражувачи и обучувачи за високо образование од областа на менаџментот, маркетингот и туризмот; професионалци од регионалните чадор-организации и бизнис-претприемачи и иноватори.

На настанот присуствуваа повеќе од 70 професионалци и практичари од кластери и здруженија за угостителство, филијали и чадор-организации од Албанија, Бугарија, Грција и Северна Македонија, додека други повеќе од 100 одлучија да го следат неговиот он-лајн стриминг во живо.

Leave a reply