Varna University of Management, Varna, 13A Oborishte str.
+359 52 620 871

Заеднички вебинар за менторство и размена на идеи за одржливо угостителство

ДЕТАЛИ

  • Category – EVENT

  • Date – 2018-12-11

  • Venue –  online

ЦЕЛИ

Настанот ја промовираше употребата на иновации кои придонесуваат за одржлив развој во угостителскиот сектор во Балканко-медитеранскиот регион. Според тоа, главните теми (i) ја објаснуваат одржливоста како бизнис двигател во угостителството и туризмот и (ii) ги покажуваат иновациите и успешните добри практики.

Настанот е ориентиран кон пракса и ќе им пружи поддршка на сите учесници во усвојувањето на технолошки и нетехнолошки нови решенија за одржливост.

Етаблирани експерти, претприемачи и практичари во угостителството и туризмот ги спроведоа онлајн сесиите.

Вебинарот беше организиран на иновативен начин комбинирајќи активности на само место со онлајн активности. Учеството на сесиите на заинтересираните страни се одржа во просториите на секоја партнерска институција (во Варна, Волос, Драч, Скадар и Скопје) за да се обезбеди градење на партнерства во локална и национална средина. Истовремено, онлајн интеракција помеѓу “националните соби” и сесиите обезбеди прекугранично учење и размена на идеи.

На настанот присуствуваа повеќе од 50 актуелни и потенцијални претприемачи и бизнис претставници од угостителскиот сектор од Албанија, Бугарија, Грција и ПЈРМ.

Leave a reply