Varna University of Management, Varna, 13A Oborishte str.
+359 52 620 871

Заедничка менторска обука на компании за одржливи иновации во угостителството

Универзитет за менаџмент во Варна (ВУМ) е домаќин на транснационалната Заедничка менторска обука на компании за одржливи иновации во угостителството. Настанот се организира во рамки на проектот HELIX и ќе се одржи во тек на 3 дена почнувајќи од 16-ти октомври.

Обуката е фокусирана на иновации за поддршка на одржливиот развој на угостителските претпријатија од секторите ресторани, хотели, кулинарски уметности и други бизниси поврзани со туризмот.

Агендата за настани вклучува панели за воведување на нови можности за заеднички соработки помеѓу воспоставените и новите субјекти од угостителскиот сектор, а посебно – на модел за развој и усвојување на заеднички менторски програми на компании. За време на практичните сесии планирани се голем број посети на иновативни фирми од регионот. Тие ќе ја претстават својата успешна формула за бизнис развој и одржливост.

Сите заинтересирани претставници на мали и средни угостителски претпријатија од Бугарија, Албанија, Грција и ПЈРМ се поканети да учествуваат на настанот. Во нивна полза, настанот ќе ги прошири знаењата за иновации и менторство, како и можностите за нови бизнис контакти и соработка во Балканско-Медитеранскиот регион.

За повеќе детали треба да се контактира соодветниот проектен партнер.

Leave a reply